Потребно време за читање: < 1 минута

Жена ја запира полицаец.
Жената:
-Имам ли некакви проблеми?
-Госпоѓо, возевте пебрзо,-одговара полицаецот.
-А, тоа.
-Можам ли да ја видам вашата дозвола?
-Би ви ја дала, ама ја немам.
-Ја немате?!
-Веќе четврти пат ја изгубив поради алкохол.
-Аха, дајте ми ја тогаш сообраќајната.
-Не можам ни тоа…
-Зошто?-прашува полицаецот.
-Затоа што го украдов овој автомобил…
-Сте го украле?!!
-Аха! И го убив сопственикот и го парчосав…
-Сте направиле што??!!
-Деловите од телото се наоѓаат во пластична вреќа во багажникот. Ако сакате да видите…
Полицаецот ја погледнува жената и полека се враќа до својот автомобил, па повикува засилување. По 5 минути доаѓаат уште 5 полициски автомобили и го опкружуваат автомобилот на жената. Постариот полицаец полека ѝ приоѓа со пиштол в рака.
Полицаецот:
-Госпоѓо, Ве молам излезете од автомобилот!
Жената:
-Има ли некакви проблеми?
-Еден од моите полицајци вели дека сте го украле автомобилов и сте го убиле сопственикот.
-Сум го убила сопственикот??!!
Полицаецот:
-Да, Ве молам отворете го багажникот.
Жената го отвора. Внатре нема ништо, празно.
Полицаецот:
-Дали автомобилов е Ваш?
-Се разбира, еве имам сообраќајна дозвола. Тука пишува сѐ.
Полицаецот гледа збунет:
-Еден од моите полицајци рече дека немате возачка дозвола.
Жената пребарува во торбичката и ја вади возачката, па му ја дава. Тој ја прегледува и заклучува дека е сѐ во најдобар ред.
Полицаецот:
-Благодарам, Госпоѓо. Еден мој полицаец рече дека немате возачка, дека сте го украле автомобилов, сте го убиле сопственикот и сте го ставиле во парчиња во багажникот.
Жената:
-Се обложувам дека лажливиот никаквец ви рекол дека уште и пребрзо сум возела!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here