Потребно време за читање: 2 минути

Годишните времиња, денот и ноќта, плимата и осеката…Се во природата се одвива според одредени ритми, па така и процесите во човечкото тело. Поради тоа хронобиолозите го истакнуваат животот во согласност со “внатрешниот часовник”, како важен предуслов за здравје и убавина, препорачувајќи начелен дневен распоред на часовите:

07:00 – 09:00

Мозокот по будењето е “забавен”, па постапно се вклучува во стварноста- наместете го будилникот 15 минути порано, бавно раздвижете се. Или разбудете се на љубовен начин- наутро телото произведува многу полни хормони!

Треба да се избегнуваат силни дразби (бучава, стрес и сл.) оти сме чувствителни на болка, полесно се “распламтуваат” воспаленија, почести се нападите на мигрена и срцево-желудничките тегоби.

Задолжителна е обновата на енергијата- значи, хранлив појадок!

09:00 – 12:00

Имуносоставот е се уште во поранлив период, а и чувствителноста на болка е се уште висока. Меѓутоа, вистинско време е за активна имунизација- се покажало дека телото претпладне е најимуно. Карткорочното паметење е најдобро во денот и во периодот кога сме исклучително со висока работна способност. Време е за испити и деловни разговори!

Прочитај и за ... >>  Брачните кавги

12:00 – 14:00

Желудникот е подгогвен за најголема активност и му е потребен хранлив, но лесен ручек. Би било идеално кога потоа би можеле да се опуштиме или да прошетаме-истражувањата покажуваат дека тоа ја подобрува циркулацијата и расположението.

14:00 – 18:00

Телото е во најдобра форма, а чувствителноста на болка најниска во денот- вистинско време е за одење на забар, за акупунктура, депилација.

Подготвени сме за вежби на телото и сме способни за решавање на замрсени мисловни проблеми. Меѓутоа, биоритмот бара барем 5-минутен одмор на секои 45 минути или 15-минутен на секои 90 минути.

18:00 – 21:00

Организмот е најчувствителен на алергени, но затоа лековите против алергии и астма дејствуваат особено добро, баш како и средства против болки. Во телото најсилна е детоксикацијата (неутрализирање и разградување на штетни материи).

Долгорочното паметење е најдобро во денот и вистинско време е за креативност. Сетилата се изострени и подговени за уживање- вкусна вечера богата со белковини (на пример, немасно месо и зеленчук) со помош на која организмот полесно ги согорува маснотиите.

Прочитај и за ... >>  Вистински домаќини во вашиот дом

21:00 – 00:00

Почнува периодот на зголемена чувствителност на болка, а телото влегува во период на голема обнова, па пред заминувањето во постела избегнувајте се што ве оптоварува (никотин, алкохол, стрес, оброци, вежби на телото…) и опуштете се. Помеѓу 23 часот навечер и 4 наутро кожата се обновува 8 пати побрзо, па е исклучително важна ноќната нега.

00:00 – 07:00

Додека спиеме, телесните процеси на обнова се на врвот (на пример, околу 1 наутро имуносоставот создава најмногу одбранбени станици), а мозокот ги преработува доживувањата од претходниот ден. Од 5 часот наутро хормоните и другите материи брзо влегуваат во крвта, се зголемува крвниот притисок и организмот се подготвува за будење.

Паноптикум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here