Потребно време за читање: 2 минути

Голем број педагози и детски психолози се согласуваат во ставот дека за формирање на личноста и карактерот мошне битен период е од третата до седмата година, оти е тоа време кога детето најмногу учи, усвојува и впива знаења околу себе. Детето во предучилишна возраст учи и стекнува сознанија исклучиво со своето искуство.

Многумина родители грешат во обидите да ја спречат или запрат детската игра, за на нешто да ги научат, или во желбата на децата да им наметнат правила, на пример цртање или сликање. Детето е само по себе креативно, единствено и активно суштество, а токму таа негова активна природа се изразува низ неговата иницијатива, истражување и пред сѐ низ детската игра.

Играта е посебен и основен облик на учење на децата од предучилишна возраст. За спонтаната игра на децата им се потребни знаења, доживувања, добри примери, адекватен и поттикнувачки простор, време, материјали и партнери за игра.

Прочитај и за ... >>  Вистински домаќини во вашиот дом

Денешниот забрзан начин на живот не им остава на родителите време на своите деца да им ги обезбедат сите услови за игра и правилен развој, што само го поткрепува тврдењето за големото значење на детските градинки и речиси нивната неопходност.

Освен мошне значајната социјализација, односно процесот на формирање на општествената личност, оти човекот е по себе општествено битие, децата низ престојот во градинките стекнуваат бројни искуства и знаења. Всушност, детето во градинката доаѓа во односи со какви што, до стапувањето во установата, не било. Стекнува бројни искуства, запознава разни чувствувања, од први симпатии и другарства, па до прва љубомора или несимпатија. Сите тие чувствувања, настани, убави или помалку убави, имаат немерливо значење за детскиот развој, созревањето и социјализацијата.

Значењето на детските градинки се огледа и во тоа што евентуалните пореметувања, заостанатост во развојот, во градинката нема да останат незабележани. Родителите, природно наклонети кон своите деца, мошне често ги занемаруваат или не ги забележуваат првите знаци на неправилен развој на нивното дете. Така, на родителите ќе им се провлечат пореметувањата во движењето, во вршењето на физиолошките потреби и сл. Сепак, најчести пропусти кои ги прават родителите се врзани за развојот на говорот кај детето. Често децата не зборуваат правилно поради оштетување на слухот, пореметувања на артикулацијата, неправилно развиен говорен апарат, поради пореметување на ритамот, гласноста, поради различни психолошки (емоционални и интелектуални), како и средински фактори. Освен овие, чести се и пореметувањата во мисловниот (когнитивниот) и во емоционалниот развој.

Прочитај и за ... >>  Европјаните се постари, разводи се повеќе

Поради овие и многу други причини, помеѓу кои спаѓа пред се образованието и воспитанието, мошне е значајно децата да посетуваат детски градинки. Воспитувачите сигурно ќе забележат и, во соработка со стручни соработници и со самите родители, ќе работат на отстранување на секој вид на пореметување кај децата.

Од друга страна, за детето е најдобро да учи во група, да расте, да се развива, да осознава со своите врсници, како општествено битие да се почувствува како член на група, односно да се социјализира, да научи за другарството и за сите оние чувствувања кои не може да ги запознае дома.

(Преземено и преведено од: http://www.b92.net/)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here