Потребно време за читање: 2 минути

Кој знае знае, ама треба да припомогне и други да дознаат или научат. За знаењето постојано да се потврдува, да се обновува, да се богати со ново.

Нема прашања на кои не треба да се одговори или да се пронајдат одговори најбрзо што може, ама има и одговори што предизвикуваат допрашување или доодговарање.

Сѐ за сезнаење.

  1. Текилата се прави од корен на еден вид син кактус.
  2. Лебедите во Англија се сопственост на кралицата.
  3. Остригата во текот на животот може да го менува полот колку пати сака.
  4. Џиновската сипа има најголеми очи на светот, а пречникот им е околу 40 сантиметри.
  5. Во државата Јута птиците имаат првенство на премин на сите автопатишта.
  6. Гепардот е единствената мачка на светот која не може да ги вовлече своите канџи.
  7. Едно време во Западна Вирџинија постоел град со име 6.
  8. Жозеф Ниепс ја развил првата фотографија на светот во 1827. година.
  9. Половите на Уран се толку наведнати што се наоѓаат таму кај што на други планети е екваторот.
  10. Штефи Граф во 1988. година ги освои сите четири гренд слем турнири и златото на Олимписките игри.
  11. Сликарот Ван Гог за време на животот продал само една слика наречена „Црвени лозја“.
  12. Најзначајниот пишан документ на етрурската цивилизација е тн. Ленена книга што се чува во Загреб.
  13. Зборот сноб потекнува од латинскиот sine nobilitatis- оној што нема благородничко потекло.
  14. Италијанците Мики Маус го викаат Тополино, а првобитното име му било Мортимер.
  15. До 2002. година важел закон според кој државата Монако би престанала да биде суверена ако кнежевската куќа Грималди би останала без наследник.
  16. Сите венецијански гондоли во Италија мораат да бидат бојосани во црно ако му припаѓаат на некое државно службено лице.
  17. Даниел Питер прв произвел млечно чоколадо, но својот рецепт му го продал на Анри Нестле.
  18. Кеопсовата пирамида кога била изградена била висока 147 метри, но поради налегнување на тлото нејзината височина сега изнесува 137 метри.
  19. Хималаи на санскрит значи престојувалиште на снегот.
  20. Мувата живее во просек месец дена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here